Адеми: ДУИ на изборите со конкретна понуда и модерна кампања

Од:

ДУИ на овие избори има конкретна и амбициозна понуда со специфики за секоја конкретна општина, кои ќе бидат елаборирани од нашите кандидати во директна комуникација со граѓаните, рече денеска на прес-конференција Арбер Адеми, портпарол на Централниот изборен штаб на ДУИ.

Според Адеми, граѓанинот е во центарот на вниманието и интересот на ДУИ која за нив нуди решенија за побрзи и поефикасни услуги, за модерна инфраструктура и за воведување позитивни промени во квалитетот на животот.

Кампањата на ДУИ, посочи Адеми, ќе биде модерна и интерактивна со директни средби со граѓаните, од куќа до куќа, од семејство до семејство, низ работилници и бизниси, низ улици и плоштади, кои постојано се менуваат кон подобро.

– Огромен интерес на ДУИ и нашите кандидати, е оваа кампања и овие избори, да поминат во мирна, фер, демократска атмосфера, така што нашите граѓани ќе имаат можност да ги изберат на најслободен можен начин градоначалниците и советниците кои ги сакаат, рече Адеми.

Тој најави дека утре изборниот караван предводен од претседателот на ДУИ Али Ахмети, ќе ги посети општините Пласница и Долнени.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември