Ад хок комисијата предожи прекршочни постапки за три телевизии

Од:

Привремената Комисија за следење на медиумското претставување, со три гласа „за“ и два против, предложи поведување прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова.

Според одлуката на Комисијата, постапките за телевизиите Сител и Нова се поведуваат поради членот 75, став 1, кој регулира балансираност во известувањето, додека за телевизија Алфа постапката е поведена според член 75 став Б од законот, кој забранува прилози со кои може да се остави впечаток дека активности на државните органи се и партиски активности. Двајцата членови кои гласаа против овие предлози најавија поднесување на издвоени мислења и изнесоа забелешки за недоследно применување на законот и методологијата на Агенцијата за Медиуми.

Комисијата заседаваше да го разгледа извештајот на Агенцијата за петтиот од вкупно десетте периоди во кои се набљудува известувањето на електронските медиуми. Овие правила за известување важат 100 дена пред изборите закажани за 11 декември.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество