Аце Коцевски, кој во Велес ја трча градоначалничката трка како кандидат на опозициската коалиција

Од:

„Сојуз за иднината“ ветува дека ако ја добие довербата на велешани, ќе изгради нов сервис-центар за граѓаните, во кој ќе може да се завршат многу процедури од дејностите и на локалните и на централните власти.

Во нашата изборна програма предвидуваме доградба и надградба на општинска зграда за да се изгради нов центар за услуги на граѓаните на општина Велес во кој граѓаните ќе добиваат услуги на едно место и од институциите на локалната власт и од институциите на централната власт.
Почнувајќи од лични карти, пасоши, изводи од матични книги на родени, умрени, венчани. Потоа сообраќајни дозволи и возачки дозволи и сите административни обрски што може да ги завршат во општинската администрација, даноци на имот, комунални такси и се разбира сите услуги што ги добиваат од катастерот. Ќе има и шалтер на Македонски Пошти за да може на едно место сите потреби и барања да бидат завршени. Сакам исто така да потенцирам дека општинската администрација која за жал сега не е таква каква што беше на времето кога даваше најквалитетни, најефикасни и најефективни услуги за граѓаните – рече Коцевски денеска на прес-конференција пред сегашниот сервис-центар во општинската зграда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија