Абасадорите во ЕУ не се договорија, за Македонија одлyката ќе падне во вторник

Од:

Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ во вторник, 11 декември и дефинитивно ќе одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во Унијата.

Ова стана јасно откако амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на вечерашниот маратонски состанок во рамки на Корепер 2 групата не успеаја да ги договорат заклучоците за нашата земја во врска со предлогот на ЕК да се одреди датум за почеток на преговорите по четири едноподруго позитивни препораки и седумгодишен статус на земја-кандидат, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Вечерашната средба на амбасадорите, пред состанокот на ГАК каде министрите за надворешни работи и за европски прашања на земјите-членки ќе ги дефинираат заклучоците кои Европскиот совет на Самитот ќе треба само да ги потврди, траеше повеќе од седум часа и повторно заглави околу точката за Република Македонија. Амбасадорите не можеле да дојдат до консензус и според портпаролот на Кипарското претседателство со ЕУ, Никос Христодулидис, во вторник ќе се дознае дали Македонија ќе почне да преговара за членство во Униајта.

– Нема договор во врска со Поранешната Југословенска Република Македонија – ни изјави Христодулидис. Инаку, токму пред вечерашниот состанок, беше подготвена драфт-верзија која не помина на Корепер 2, а не се знае и нејзината судбина на Советот за општи работи на ЕУ, во рамки на која се предлага Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори во јуни 2013 година, кој најмногу би зависел од вонредна препорака на Комисијата за нашата земја што би се подготвила дотогаш, а која најмногу би се засновала на добрососедските односи.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он