АА: Не се избира новиот состав на ДИК, туку се менува само членот предложен од Алијансата за Албанците

Од:

Реакцијата на денешните опозициски партии е неоснована и само ја докажува неконзистентноста на нивните политички позиции. Пред да го бара членот на ДИК повикувајќи се на опозиција, Движењето Беса мора да ја прифати манипулацијата од 2020 година, кога дури и како дел од заедничките листи со коалицијата „МОЖЕМЕ“ на власт, го задржаа членот во ДИК, велат од Алијансата за Албанците.

„Ја потсетуваме јавноста дека во моментов не се избира новиот состав на ДИК, туку се менува само членот предложен од Алијансата за Албанците, согласно законот и последните парламентарни избори. Воедно, ги потсетуваме трите субјекти кои денеска се во опозиција, дека ниту еден од нив не се натпреваруваше сам на избори и не ги доби мандатите од нивната листа, туку два беа дел од коалиции, а еден дел од ДУИ. Дополнително, парламентарните избори не се закажани и промената на составот на политичките сили во ДИК може да се направи само со договор меѓу четирите најголеми партии и со измена на Изборниот законик. Дотогаш составот останува ист и се заменува само членот предложен од АА“, се вели во партиското соопштение.

Алијансата за Албанците

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа