АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Од:

Партијата Aлијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одржа состанок во Тетово по кој информираа дека ќе имаат четворица кандидати за градоначалници. За нови мандати како градоначалници ќе се борат актуелните Ваљбон Лимани за Гостивар и Исен Шабани за Врапчиште.

-За Општина Сарај кандидат ќе биде Блерант Рамадани, генерален сектетар на партијата. За Теарце – Назим Таипи, кој е претседател на партиското собрание. Следуваат активности за промоција на кандидатите, истакна Арбен Таравари на прес-конференцијата по партискиот состанок.

Носителите на листи сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини