AA: Братучедот на Меџити, синот на Иванов и сопругата на организаторот на 27 април на чело на МЕПСО

Од:

Целосен непотизам и партизација на Акционерското друштво „МЕПСО“, каде најдобро е проткаено братството меѓу ВЛЕН, ВМРО и организаторите на 27 април. Директор на компанијата е братучедот на Изет Меџити, а членови на Надзорниот совет, синот на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и сопругата на Богдан Илиевски, познат како Бетмен, наведуваат од Алијанса за Албанците.

-Последниот беше организатор и водач на насилните протести од 27 април 2017 година, за кои беше осуден од страна на судовите, но сегашната нелегитимна Влада ја наградува неговата сопруга со клучна функција, велат од партијата.

Оваа скандалозна комбинација во која има некомпетентни, фамилијарни и партиски личности, докажува дека за теснопартиски и семејни интереси партиите кои без легитимитет влегоа во Владата се договориле со тероризмот од 27 април и покрај тоа што ги ослободиле дел од учесниците, сега и ги наградуваат организаторите на тој страшен настан.

Сега веќе не станува збор за игнорирање на тие партии од страна на ВМРО и другите партнери, туку за соработка во деградирање на Албанците, бидејќи сите имиња се изгласани заеднички на седницата на Владата, велат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски