Влада: Не е прекршена тендерската постапка за прославата за НАТО

Од:

Владата на Република Македонија испрати реакција во врска со извештајот за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“

„Не се точни тврдењата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Постапката е спроведена законски, со запазување на принципот на конкуренција и во транспарентна постапка.

Постапката е реализирана согласно член 17 став 1 алинеја 2 од Законот за јавни набавки, за услуги за коишто законот дозволува, поради краткиот временски период да се испратат покани до неколку економски оператори.

За двете спроведени постапки се испратени покани до 3 економски оператори и операторите доставиле понуди. На тој начин принципот на конкуренција е целосно запазен.

Изборот на најповолен понудувач е направен согласно однапред дефиниран критериум: најниска цена.

Не е точно дека во тендерската документација не се опфатени техничките спецификации. Двете тендерски документации од двете постапки содржат технички спецификации.

Согласно одредбите од Законот, договорите се објавени во рок од 30 дена од денот на склучување.

Како што ја информиравме јавноста во целосниот извештај за прославата „Одиме напред-Македонија во НАТО и ЕУ, вкупните трошоци, за сите настани во 15 градови ширум Македонија, со сите ставки изнесуваат околу 180.000 евра, реализирани во законска и транспарентна постапка.

Разликата од 6.000 евра во споменатата ставка за потреби и услуги за организација на настаните се должи на соопштениот износ за вредноста на договорот кој без ДДВ изнесува 35.000 евра.

Договорот за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување, е со повисока сума но реално се потрошени помалку пари, односно како што веќе соопшти Владата потрошени се околу 49.000 евра или по околу 3.200 евра по град.

Бидејќи договорот за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување е склучен пред одржувањето на настаните, во текот на реализацијата и состојбите на терен е констатирано дека се потребни помалку пари и оттука потрошени се помалку средства.

Постапката за враќање на парите коишто не биле потрошени е веќе започната и Владата на Република Македонија очекува во буџетот на Република Македонија, од страна на приватна компанија, да се вратат околу 30.000 евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски