980 граѓани пријавиле спорни записи во ДИК

Од:

До Државната изборна комисија (ДИК) до 13 часот се пријавиле вкупно 980 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 289 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 691 за пријавување ја искористиле веб – апликацијата на интернет страницата на ДИК.

ДИК денеска ги објави поднесените пријави по општини. Најмногу пријави има во подрачната единица на ДИК во Чаир 180, потоа во скопски Аеродром 83, во скопски Центар 76, во Кичево 62, во Гостивар 55, во Тетово-52 и скопската општина Карпош – 42.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште