90 Македонци на фронтот во Украина, 30 се веќе убиени тврди Русија

Од:

90 макеоднски државјани се пријавиле да се борат на украинска страна, 30-мина од нив веќе се убиени. Ова се податоци кои ги сподели руското Министерство за надворешни работи.

Министерството за одбрана на Русија објави податоци за кои тврди дека го покажуваат бројот на странски платеници кои дошле да се борат за Украина од почетокот на војната.

„Од 24 февруари 2022 година, 13.387 странски платеници кои се борат за неонацистите пристигнаа во Украина. До денес, 5.962 од нив се елиминирани“, објави Министерството.

Според табелата објавена од руското Министерство, најмногу платеници се од Полска (2960). Убиени се 1497. Што се однесува до Европа, следуваат Велика Британија, Романија и Хрватска.

Руското министерство наведува дека 1.113 Американци дошле да се борат во Украина, од кои 491 биле елиминирани. По земјите од кои наводно пристигнале најмногу платеници следуваат Грузија (1042, од кои 561 се елиминирани) и Канада (1005, од кои 422 се елиминирани).

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води