9 милиони денари за бесплатен викенд за пензионерите

Од:

Околу 150.000 евра народни пари ќе чини проектот на Владата за бесплатен туристички викенд на пензионери за наредната година.

Министерството за труд и социјална политика до бирото за јавни набавки доставило оглас за реализација на проектот.

Процениле дека за оваа услуга се доволни 9.000.000 милиони денари без вклучен ДДВ.

„Хотелско-угостителски услуги за реализација на проектот за бесплатен туристички викенд на пензионери за 2015 година“

Бесплатниот викенд за пензионери беше едно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. Освен оваа услуга пензионерите бесплатно се возат и во автобусите на ЈСП секој вторник, петок, сабота и недела. Пензионерите користат и бањско рекративни услуги еднаш годишно. Освен возење со градски автобус, пензионерите ги следува и бесплатна ски-карта за оние кои се зависници од адреналин, но нема информации дали и колку ја искористиле оваа бенефиција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд