8.379 домашни и 410 странски набљудувачи на локалните избори

Од:

В недела Македонија ќе гласа по шести пат за градоначалници и советници.

Текот и регулаторноста на изборите ќе ги следат 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи. Граѓанската асоцијација Мост имаат 3.941 набљудувач, Здружението за хуманитарни активности Синергиј” – Штип 3.534, МЦМС 392, Сојуз на здруженија на граѓани Македонска платформа против сиромаштија” 379 и НВО “Цивил” 128 набљудувачи.

Изборите ќе ги следат и 204 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР, по 38 од ОБСЕ и амбасадата на САД, 32 набљудувачи на Делегацијата на ЕУ, 17 на Централната изборна комисија на Косово, 16 од Советот на Европа, седум од амбасадата на Франција, по пет од амбасадите на Косово и на Турција, по четири од бугарската, руската, австриската и кинеската амбасада и Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, по тројца набљудувачи од британската, хрватската и албанската амбасада, по двајца од словенечката, украинската, шведската и српската амбасада и еден од амбасадата на Република Словачка во Македонија. Комисијата за избори, жалби и приговори има акредитирано шестмина набљудувачи, а изборната комисија на Словенија четворица.

ДИК информира дека ќе бидат ангажирани 281 преведувач.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември