Во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 79 сообраќајни прекршоци.
Од нив девет за возење без возачка дозвола, пет за возење со брзина поголема од дозволената.
Изречени се седум мерки за технички неисправни возила, три мерки за неносење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.