79 македонски државјани заминале да се борат во Украина, 21 од нив загинале, објави руското Министерство за одбрана

Од:

Руското Министерство за одбрана објави список на странски платеници кои се борат во Украина, а според тие информации досега 79 македонски државјани заминале да се борат, а 21 од нив загинале.

Според податовите, 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека во моментов на украинска страна се борат уште 39 лица, објавува РИА Новости.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков изјави дека Министерството за одбрана на Русија го следи престојот во Украина на секој претставник на, како што вели „меѓународен собир на коњаници без глави“.

Според податоците на руското МНР, во Украина стигнале и 204 платеници од Хрватска, од кои 74 загинале, 167 платеници од БиХ, од кои 51 загинал, 46 си заминале. Од Косово пристигнале 156 борци, од кои загинал 61, а од Албанија од 150 платеници, загинале 42.

Полјаците имаат најмногу – 1.831, од кои 378 загинале.

Би можело да ве интересира

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа