75 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

Од:

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила, извести портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

– При контролата 75 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 34 и тоа: 13 поради техничка неисправност на уредот за запирање, девет за неисправни системи и опрема, четири за претовар, едно возило било со неисправен уред за управување… Во однос на возачите: 18 возачи бесправно управувале со возило, двајца возачи управувале возило за време на впишана прекршочна санкција “забрана за управување”… При контролата санкционирани се и 94 останати прекршоци, изјави пртпаролот на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаде Андреевски.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ