75 евра казна за патниците без карти во ЈСП

Од:

Казна од 75 евра го следува патникот кој се вози во автобусите на ЈСП без карта. ЈСП преку заострена контрола ќе ги фаќа патниците кои не плаќаат карти, а ги користат услугите на ова претпријатие.

Директорот на ЈСП Мишо Николов, за „Вест“ вели дека пред да се изрече казнената мерка, на патникот му се дозволува да плати казна од 300 денари на самото место или во рок од осум дена кога го направил прекршокот.

– Доколку патникот не го плати бараниот износ и во дополнителниот рок од осум дена, поднесуваме предлог за поведување прекршочна постапка до МВР, по што прекршочната комисија задолжително изрекува глоба од 50 евра, плус 25 евра за трошоците за прекршочна постапка, на товар на патникот – вели Николов.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он