73-годишна жена се запалила горејќи стари алишта на тераса

Од:

73-годишна жена се запалила горејќи стари алишта на тераса. Според полицијата, настанот се случил вчера во 11.50 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Радишанска избувнал пожар на терасата од куќата во сопственост на П.С. (73) од Скопје.

Пожарот, според пријавеното, избувнал кога П.С. запалила стари алишта, при што била зафатена балконската врата. Притоа таа добила тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош била пренесена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он