68 повредени од „Пулс“ се лекуваат надвор од Македонија, еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана

Од:

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана.

Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

– Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, се наведува во соопштението.

Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во „Систина“, според податоците на Министерството.

– Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти, тврдат од Министерството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“