66-годишник од загина, а неговата сопруга е во тешка состојба по сообраќајката на патот Велес- Штип

Од:

Во сообраќајката што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес загина 66 – годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник во несреќата од другото возило.

Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес за МИА изјави дека В.П. бил донесен во велешката болница во бесознание и критична состојба. На неговата сопруга, Б.П. 61. и е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на кичма и карлица и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.

На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Двајца загинати, тешко повредено дете во три сообраќајки во 24 часа

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство