Шекеринска: Виновниците не може да избегаат од вистински истраги

Од:

Како го коментирате тоа што предлог-измените за Законот за заштита на сведоци и Законот за СЈО повторно да биде ставен на дневен ред пред да се распушти Собранието, бидејќи Павле Трајановски предложи измени слични на вашите?

Може да има нови предлози, меѓутоа клучното прашање е дали Собранието ќе донесе одлука за продолжување на мандатот на СЈО и за заштита на сведоци. Она што станува јасно е дека владејачките партии се плашат и бегаат од цела истрага во врска со прислушкувањето и цела истрага и предмети кои произлегоа од прислушкувањето. Десет години Груевски бега од дуели. Десет години ВМРО-ДПМНЕ бега од соочување. 10 месеци Груевски бегаше од Анкетна комисија за прислушкувањето во Собрание. Сега станува јасно дека виновниците сакаат по секоја цена да избегаат од вистински истраги. Само луѓе кои се со двете раце во криминал можат да кажат не на закон со кој што ќе се заштитат сведоците кои што можат да дадат информации и докази за сериозен криминал и сериозна корупција. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ па и владеачките партии во Собранието на Р.М. Покажаа дека се во служба на криминалот, а не во служба на правдата, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Утринава владеачката партија јасно кажа дека не ја поддржува работата на СЈО. Дали ова значи дека може да дојде до одлагање на изборите?

Ние се подготвуваме за избори на 11 декември, заради тоа што сметаме дека на тој ден граѓаните ќе кажат свое мислење и за прашањето за СЈО и за прашањето од потребата на правда во оваа држава и дека ќе ги казнат сите оние кои бегаат од избори. Ќе ги казнат сите оние кои бегаат од вистинско лоцирање и казнување на криминалот. Заради тоа, мислам дека ова што вчера и денеска го прави и ВМРО-ДПМНЕ, но и други партии во македонското собрание, покажува каде треба да ги бараме криминалот и корупцијата во Македонија.

Како ги коментирате новите владини политики за вработувања, додека паралелно со Светска Банка и ММФ овинуваат дека ПИОМ е пред колапс?

Она што е проблем е дека бројот на лица кои се осигурани во ПИОМ, практично не одговара на бројките кои што ги дава владата. Бројките кои владата ги кажува во македонската јавност не соодведствуваат со бројките кои дури и истата влада ги испраќа во Брисел. И за тоа постојат и дкомунети. Знаете како, кога почнува ваков период пред избори, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да дефинира во колкава мерка лаже. Меѓутоа, состојбите со и во ПИОМ се загрижувачки за сите граѓани во Македонија. И затоа сметаме дека и дискусијата по буџетот ќе мора да се осврна на ова важно прашање.

Што мислите за најавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за отворање на нови 140 градинки?

После десет години инвестирање во споменици и фининасирање на барок фасади, навистина не е веќе смешно, страшно е што на Груевски дури сега после 10 години власт му текна да најавува изградба на градинки. Можеби да почнеше со градинките пред десет години со вистински приоритети и вистински инвестиции немаше толку деца со нивните родители да ја напуштат државата. Се работи за уште една кампања во која тие ќе ги повторуваат истите надградени лаги, а на крај ќе остане само уште недоплатениот барок и споменици.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата