53-годишник од Тимјаник е жртвата во сообраќајката кај Неготино

Од:

Возач на 53 години почина, а уште еден е повреден во сообраќајката што се случи вчера попладне во неготинско, кога се судрија три патнички моторни возила.

Од СВР Велес информираат дека сообраќајката се случила на регионалниот пат Неготино-Кавадарци кај местото викано „Антени” меѓу патничко моторно возило „форд“ со неготински регистарски ознаки управувано од С.С.(53) од неготинското село Тимјаник, патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од П.Ј.(27) од Кавадарци и патничко возило ,,сеат” со тетовски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(27) од Кавадарци.

– Од сообраќајната несреќа со возило на Итна медицинска помош од Неготино, во болница во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде била констатирана смрт на С.С., а кај П.Ј.биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Неготино. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он