50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Од:

Чиста правда и судење без одолговлекување побараа родителите на починатите во „Пулс“ денеска на 50-от „Марш за ангелите“ во двете свои обраќања, на платото во Трговскиот центар и од пред Основниот суд во Кочани.

Родителите, вообичаено Маршот го започнаа од „Паркот на Револуцијата“, а го завршија пред Судот, со попатни станици во Трговски, пред зградата на УЈП и Полициската станица.

Александар Наунов, татко на починатата Надица, и претседател на Здружениетона граѓани „16 Март 2025 Кочани“, од Трговски рече дека тие не бараат пресуда од улица, туку редовно закажување на рочиштата, а секое одлагање јасно и јавно да се образложи.

-Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно, децидно истакна Наунов.

Нашите деца, насилно одземени од нас, нема да се вратат, но вистината и правдата не смеат да изостанат, додаде претседателот на Здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов, имаше свое обраќање од пред Основниот суд и Обвинителството од каде побара информации за повеќе постапки и сомнежи за можни кривични дела поврзани со трагедијата од 16 март лани. Таа спомена сомнежи за даночно затајување, неправилности околу издавањето на лиценцата и евентуално фалсификување исправа, давање поткуп и давање награда за противзааконито влијание. Посочи и на предистражните постапки поврзани со УЈП и Државниот инспекторат за труд.

Блажева од Обвинителството побара јавно да појасни кои постапки се водат, против кого, за кои кривични дела и до каде е нивната реализација.

-Бараме институциите да постапуваат и да дадат одговори. Правдата мора да важи за сите, порача Блажева, сестра на настрадано момче во пожарот во „Пулс“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење