Во сообраќајка оштетен „мерцедесот“ на градоначалникот на Кавадарци

Од:

Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“, во новиот центар на Кавадарци.

Во сообраќајката учествувало возилото на градоначалникот на општината и сопственик на „Кожувчанка“, Митко Јанчев, потврдуваат од СВР Велес за „Макфакс“.

Според информациите oд полицијата, градоначалникот Јанчев не бил во автомобилот „мерцедес“ кога се случила сообраќајната несреќа.

Возачот на „мерцедесот“, 36-годишниот Ј.Ј не е повреден, а возачот од другото возило, „пежо 405“, 50-годишниот Д.К. е пренесен во Општата болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот направи полицијата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он