А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

50.000 евра за вино, ракија, пиво,сок и кафе

by А1он10/09/2014 - 14:5410/09/2014 - 15:03202
Share0

Три милиони денари планира да потроши ЈП Чистота и зеленило-Куманово за набавка на ракија, вино, пиво, жестоки пијалоци, газирани и негазирани сокови, минерална вода и кафе.

Добивај вести на вибер

Денеска до Бирото за јавни набавки доставиле оглас проценет на 50.000 евра без ДДВ за набавка на безалкохолни и алкохолни пијалоци во време траење од една година.

Во огласот до Бирото за јавни набавки стои:

„Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите-Угостителски објекти на локации – Кеј на бул. Октомвриска Револуција – с. Пелинце“

Во Февруари година директорот на Чистота и зеленило-Куманово заедно со уште четири лица беше уапсен под сомнение дека извршиле кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што објави тогаш МВР, тогашниот директор на Чистота и зеленило ја злоупотребил својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на своето службено овластување и иницирал набавка на три половни комунални товарни моторни возила за подигање, собирање и транспортрање на смет и едно половно специјално моторно возило – метлачка за потребите на претпријатието преку Постапка за доделување на договор за јавна набавка-Тендер. И за таа цел заедно со второ осомничениот кој исто така ја злоупотребил својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на своето службено овластување по претходен договор дека ќе го добие тендерот, организирале посета на авто-плацеви на територија на Германија, со цел пронаоѓање на соодветни возила, нивно плаќање преку сметка на фирмата, од кои средства дел се авансно платени од ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово заедно со нивно транспортирање до Македонија.

Возилата биле набавени за сума од 61,764 евра а на ЈП Чистота и зеленило биле продадени за 86,179 евра а разликата од 34,219 евра ја поделиле екс директорот и второ осомничениот соопшти полицијата.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:5420/01/2026 - 11:19

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски11/01/2026 - 14:1311/01/2026 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен