45-годишна скопјанка загина откако во неа удри „ауди“

Од:

Вчера попладне скопјанец со „ауди А5“ удрил во 45-годишна жена исто така од Скопје, која починала на местото на незгодата, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 14.07.2021 во 16.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Коце Металец“ и сервисна улица, патничко возило „ауди А5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Скопје удрило во пешакот Б.З.(45) од Скопје. На местото на незгодата починала Б.З, соопшти МВР.

Смрт констатирал лекар, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар