412 возачи возеле без возачки дозволи во Тетово

Од:

Тетовскaта полицијата лани открила 412 лица кои немале дозвола, а возеле автомобили. Според портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски 769 возачи ги управувале возилата со невалидна сообраќајна дозвола.

– Во овој период откриени се и 45 возачи-почетници кои управувале без придружник за што е предвидена глоба од 400 евра и 35 лица кои имале дозвола за една, а управувале возило од друга категорија. Глобите за ваквиот вид прекршок изнесуваат од 45 до 250 евра и плус надоместок за трошок на пајак-службата. Висината на глобата непосредно зависи од тоа каде поконкретно било паркирано возилото, изјави Јосифовски.

Минатата година полицијата открила 27 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а возачите кои ќе одбијат алкотестирање, вели Јосифовски ќе платат глоба од 500 евра.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски