40 жртви на семејно насилство побарале бесплатен правна помош преку проектот Пристап до правда во Македонија

Од:

Во изминатите 12 месеци, откако проектот Пристап до правда во Македонија започна да се имплементира, повеќе од 1000 граѓани се обратиле кај овластените здруженија и побарале бесплатно правно советување. Меѓу барателите на БПП се и жртвите на семејно насилство. Вкупно 40 жртви на семејно насилство побарале бесплатен совет и информација кај овластените здруженија, а на дел од нив им било потребно судско застапување со цел заштита на нивните права.

Жртвите на семејно насилство најчесто се обраќаат до овластените здруженија, каде правниците ги советуваат и им помагаат при пополнување на барањето за бесплатен адвокат. Ваквото барање се доставува на одобрување до Министерството за правда. Таков е и случајот со една од барателите – самохран родител кој ги користи услугите на овластените здруженија за бесплатен правен совет или информација.

Барателката со помош на овластеното здружение добила бесплатен адвокат за утврдување на правото на издршка на малолетно дете во март 2015 година. Благодарение на бесплатниот адвокат нејзиното дете сега добива издршка од својот татко. Понатаму, во текот на 2016 година барателката редовно го посетувала овластеното здружение за да добие совет или информација, па така во три наврати и бил даден совет за: правото и постапката за поднесување на кривична пријава и водење на кривична постапка за неплаќање на издршка за малолетното дете; водење на постапка за уредување на начинот и динамиката на одржување на лични контакти и средби, како и можноста за користење на правни лекови против решение од Министерство за труд и социјална политика од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер чие барање било одбиено, но и за правото на разгледување на списи, кое го вклучува и правото на препис – копии на две решенија.

Ова се само неколку евидентирани случаи кога барателката побарала помош од овластеното здружение, но таа редовно ја посетува канцеларијата за различни правни прашања со кои се соочува во своето секојдневие.

Проектот Пристап до правда во Македонија останува посветен на овозможување на пристап до правда за сите граѓани и покрај утврдените слабости на постоечкиот систем на бесплатна правна помош и предизвиците со кои се соочуваат овластените здруженија.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов