40-почесни конзули заедно со градоначалникот Трајановски прошетаа низ Скопје

Од:

Вчера, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со почесните конзули на нашата земја во Светот, прошета и ги посети најзначајните места во градот Скопје. Градоначалникот Трајановски како домаќин, почесните конзули ги пречека, во Хотелот „Stonebridge“ и оттаму тргнаа на прошетката низ Скопје.

– Во оваа пригода сакам да ви пожелам добровечер и добредојде во нашиот град. Ви благодарам за оваа средба и се радувам што вечерва ќе имаме можност да се дружиме неколку часа, и преку прошетката барем малку да ви го претставиме Скопје. Во последните неколку години Скопје доживува градежен подем, и навистина поминува низ еден развоен процес, особено неговиот централен дел. До сега Скопје, беше единствениот град во Европа, којшто  немаше визија за тоа како треба да изгледа плоштадот, но во последните 5-6 години, Скопје концептуално го обмислува своето централно подрачје и се развива со брзина како ниту еден град во Европа. Овде сме денеска за да Ви ја претставиме, туристичката понуда на Скопје, историјата на нашиот град и нашата Република, како и капиталните проекти, т.е оние области во кои можат вашите сограѓани да инвестираат, со еден збор ќе ви ја претставиме инвестиционата понуда на главниот град на нашата земја. Ви пожелувам удобен и незаборавен престој овде, во Македонија, истакна градоначалникот Трајановски.

[nggallery id=232]

Туристичката рута стартуваше од плоштад „Капрошово востание“, па по Камениот Мост, низ Плоштад „Македонија„, па низ улица Македонија, до Спомен Куќата на Мајка Тереза, па потоа до Музејот на град Скопје, за потоа со автобус сите заедно да продолжат до Црквата Свети Спас во Стара скопска чаршија, каде што накратко градоначалникот Трајановски, одржа презентација на реализираните капитални проекти, но на гостите им ги претстави и оние проекти што во иднина ќе бидат реализирани, а во чија реализација со инвестиции можат да се вклучат и сограѓани од земјите на нашите почесни конзули.

Градоначалникот Трајановски заедно со четириесеттината конзули, потоа низ Старата скопска чаршија се упати кон Музејот на Македонската борба, каде што претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, и министерот за надворешни работи на РМ, Никола Поповски, за гостите организираа свечен прием.

Почесните конзули на Република Македонија во странство, денеска заминуваат за Битола, а утре ќе го посетат Охрид и уште неколку значајни места и градови во нашава земја.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот