40.000 евра од касата на општина Аеродром за Вечер и МПМ

Од:

Општина Аеродром од буџетската каса ќе одвои 2.499.240 милиони денари за закуп за рекламен простор за објавување огласи во дневните весници за разни соопштенија и повици за презентација и јавна расправа на детални урбанистички планови.

На два различни тендери услугата ја добиле Медиа Принт Македонија ДОО и Вечер Прес ДООЕЛ.

„Закуп на рекламен простор за објавување соопштенија за јавна презентација и јавна анкета на детални урбанистички планови, огласи за продажба на градежно земјиште, издавање под краткорочен и долгорочен закуп на земјиште и објави за давање на користење на спортски објекти и терени, сукцесивно во текот на времетраењето на договорот, но не подолго од една година • Напомена: за објавување соопштенија за јавна презентација и јавна анкета на детални урбанистички планови (ДУП-ови), огласи за продажба на градежно земјиште, издавање под краткорочен и долгорочен закуп на земјиште и објави за давање на користење на спортски објекти ќе се склучат договори со два дневни весници, согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, член 47 од Законот за градежно земјиште и член 3 од Правилникот за условите, начинот и постапката на давање на користење на деловни простории и спортски објекти број (Службен гласник на Општина Аеродром број 24/11 и 28/11)“, стои во објаснувањето за потреба на оваа услуга.

Предметот на набавката е делив па затоа на тендер се избрани и МПМ и Вечер.

Од касата на Аеродром за МПМ ќе се одделат 847.240 илјади денари а договорот е се важност од една година.

Цената за иста услуга Вечер ја добил за речиси дупло повеќе пари од МПМ или 1.652.000 милиони денари исто за период од една година.

Општина Аеродром ќе потроши и 1.161.631 милиони денари или околу 18.000 евра за изработка и печатење покани, брошури, флаери, постери, каталози, визит карти, карта-разгледница, разгледници, тефтери, мултимедијално ЦД, како и друг материјал за репрезентација.

Тендерот за овааа услуга го добила фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски