4-ца кандидати и Црвенковски номинирани за нов лидер на СДСМ

Од:

Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов подмесоа кандидатури за нов лидер на СДСМ. Бранко Црвенковски е предложен од Иницијативниот одбор на партијата, со поддршка од околу 20.000 членови на партијата.

Истече рокот за кандидирање, а вечерва Извршниот одбор на СДСМ, ќе ги сублимира кандидатурите и ќе ги достави членовите на Централниот одбор кој ќе ја донесе конечната одлука кој на 2. јуни ќе се натпреварува со идеи и програма за лидерската позиција.

Според извори на А1он, доколку Црвенковски остане на својот став дека нема да се кандидира, ниту ќе прифати да влезе во партиската трка доколку друг го номинира, Верификационата комисија нема ја официјализира неговата кандидатура поднесена од голем број општински организации.

Она за што сите кандидати се залагаат е да се сочува единството на партијата, сепак кампањата започна предвреме.

Зоран Заев, еден од претендентите предупреди, доколку не запрат дворските игри и не се создаде фер атмосфера, ќе ја повлече кандидатурата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија