39-годишна жена од Тетово си го убила невенчаниот сопруг

Од:

39-годишна жена од Тетово пријавила дека во семејниот дом го убила нејзиниот невенчан сопруг, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, денеска во 11 часот и 35 минути во СВР Тетово, 39-годишната А.С. пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И.

Во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет, извести МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С., велат надлежните.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар