38 степени денеска, во следните денови пожешко

Од:

Времето во текот на денов е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје се очекува слично време – сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Според синоптичарите, следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигне до 40 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло