35-годишен маж загина во пожар во Побожје

Од:

Маж на возраст од 35-години го загуби животот во пожар во куќа во селото Побожје информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, – се вели во информацијата од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Од скопската противпожарна пригада известуваат дека вo периодот од 00:15 до 03:40 часот, со 5 возила и 16 пожарникари интервенирале на запалена куќа во с.Побожје. Материјалната штета е неутврдена, а опожарени се околу 140 м2.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип