33-годишен кичевчанец загина на патот Дебар-Струга, со мотор удрил во автомобил

Од:

33-годишник од Кичево загина вчера на патот Даебар-Струга откако со мотоцикл удрил во автомобил. Двјаца патници од автомобитлот се пворедени.

– На 04.05.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на с.Отишани, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(33) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка М.Ј.Г.(42) од Скопје, констатирани во Општата болница Дебар, извести полицијата.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Дебар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар