32-годишна жена загина во сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар

Од:

Триесет и двегодишна жителка на Урвич загина во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Тетово – Гостивар во близина на клучката за село Камењане.

Таа била сопатник во возилото „опел корса“ кое се судрило со „форд куга“ со швајцарски таблички. Со тешки телесни повреди се здобил и нејзиниот 37-годишен сопруг кој управувал со возилото.

Двајцата се пренесени во Тетовската клиничка болница каде 32-годишната Е.С. починала. Нејзиниот сопруг по укажаната лекарска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и пет сопатници во корсата на возраст од две, шест и тројца на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во Тетовската клиничка болница, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он