32 години македонска независност

Од:

Република Македонија денеска одбележува 32 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Над 95 отсто од граѓаните што излегле на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговориле на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на граѓаните за самостојна држава е потврдена со Декларацијата за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 година во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата е усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Меѓународно-­правниот субјективитет на државата е потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија е примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Тогаш поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа уставното име, зачленувањето во ОН е под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија.

Денес, Република Северна Македонија е држава членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот, НАТО.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: На чекор сме од Европа, тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

Сиљановска-Давкова: Ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Миленковски, Бакија, Николовски, Тевчев и Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“

Горан Наумовски