30-годишен маж застрелан за време на лов во село во Ресенско

Од:

Триесетгодишен маж со иницијали Х.Т. бил застрелан вчера за време на лов во атарот на селото Лева Река, Ресенско.

Тој заедно со Д.Ф. од Ресен заминал на лов, пришто во еден момент Д.Ф. испукал еден патрон со кој го погодил Х.Т..

Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот била пронајдена ловечка пушка „Бајкал“ кал.12х70мм. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип