30 дена притвор за скопјанецот кој се обиде да силува жена на Водно

Од:

Кривична пријава и 30 дена притвор доби 26-годишен скопјанец кој нападнал жена и се обидел да ја силува на Средно Водно.

Истиот напаѓач се обидел да силува и 28-годишна девојка пред влез на зграда на улицата Востаничка во Скопје.

Тој ги признал делата, по што со кривична пријава е предаден на ОЈО Скопје и надлежниот суд кој му одредил мерка притвор.

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против М.С. (26) поради основано сомнение дека сторил кривични дела обид за силување и полово вознемирување, по што од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена“, велат од МВР

Веднаш по добиени пријави од 49-годишна жена дека машко лице на 26.02.2023 се обидело да изврши обљуба врз неа на Средно Водно, како и од 28-годишна жена дека машко лице на 04.03.2023 се обидело да изврши обљуба врз неа, преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што М.С е приведен во полициска станица.

Осомничениот, на 26 февруари, на пешачка патека на Водно ја пресретнал жената, со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земјата, па легнал врз неа, со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот.

Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата Востаничка во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски