30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицоски, однесен е во „Шутка“

Од:

Полицаецот од Шестата управа во Министерството за внатрешни работи, кој до вчера беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во притвор во КУП Затвор Скопје, потврди директорот на установата, Бобан Утковски.

Скопскиот кривичен суд му одреди 30 дневен притвор на Ангел Сарамаков, кој е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.

МВР вчера соопшти дека на 30 март по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

– При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода, наведоа од МВР.

Во рамки на акцијата, дополнително биле извршени претреси на повеќе локации, при што биле пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатирал дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

– Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, соопшти вчера МВР.

Дел од медиумите објавија дека според првичните информации тајните полициски информации се продавани на припадници на криминалниот клан Грчец.

По апсењето, од Владата нагласија дека истрагата треба да утврди што се случило и потенцираа дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Застојот во борбата со корупцијата е поради Обвинителството, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со Рамковниот не беа најсреќни ниту Македонците ниту Албанците, но донесе мир и стабилност

Мицкоски: Кој ќе згреши ќе одговара, без разлика дали е во некоја политичка партија

Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

Услугите се генератор на инфлацијата, зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, вели премиерот

Катерина Ѓуровски