30 дена притвор за Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“

Од:

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.

Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор.

Тој е осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Притоа, агенцијата „Рубикон“ немала склучено договор за обезбедување во дискотеката во Кочани.

Александар Нацев е универзитетски професор, а пред десетина години беше и директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Би можело да ве интересира

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност