30 дена домашен притвор за припадничката на АРМ што зеде мито од колега

Од:

30-дневен домашен притвор е е одреден на припадничката на Армијата на Македонија која од колега побарала 3000 евра протук за да му помогне да помине на конкурсот за офицери. 24-годишната жена од скопско Волково беше приведена вчера веднаш откако ги зела парите.

– Пријавената, вработена во Министерството за одбрана, од друго лице, исто така, вработен во Министерството за одбрана, побарала и примила поткуп во износ од 2.400 евра за да му среди да биде избран на курсот за офицери кој бил објавен во март 2023 година. Имено, по објавување на ранг листата, каде оштетеното лице не било добро рангирано, пријавената остварила контакт со него и му ветила дека може да му помогне да ги исполни условити од конкурсот, но за возврат ќе треба да ѝ ги даде парите кои наводно биле за трето лице кое ќе посредувало за неговото унапредување, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД