27-седумгодишно момче прободено во викенд куќа во каменичко

Од:

Дваесет и седумгодишно момче од Македонска Каменица е прободено во викенд куќа во Поточко маало во Македонска Каменица. Настанот кој е потврден од полициските служби се случил околу 4 часот изутрината, од каде велат дека причина за немилиот настан е расправија помеѓу повеќе лица.

– На 31 јули 2021 околу 04:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека по претходна расправија, со повреда од остар предмет во Итната медицинска помош во Македонска Каменица е примен Н.М.(27), информираа од полицијата.

По преземени мерки, како што додадоа, е утврдено дека лицето се здобило со повреда при расправија на повеќе лица во викенд куќа во Поточка маала, во село Тодоровци.

За целосно расчистување на случајот преземени се понатамошни мерки од страна на надлежните органи.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар