26-годишен кумановец загина во сообраќајка

Од:

26-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 2 часот и 30 минути во Куманово, информира МВР.

– На 13.01.2022 околу 02.36 часот, на ул.„Тоде Думба“ во Куманово, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувале П.П.(26) и Н.С.(29), двајцата од Куманово, удрило во ограда и во паркирано возило. На местото на несреќата починал П.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Н.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар