Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Од:

Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата одлучила Савевски да биде нејзин избор за државен јавен обвинител, Мицкоски рече дека, според биографијата и распрашувањето. било оценето дека овој кандидат би можел да биде добар, па и одличен нов државен јавен обвинител.

– Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно, да не речам, одличен нов државен јавен обвинител, истакна премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД