Денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови, а на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат, дека под влијание на циклонска активност од денес во вечерните часови, до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.

На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h