25-годишник силувал 81-годишна старица од струмичко

Од:

25-годишниот А.В. од село Косевица, Општина Македонска Каменица, се сомничи од полицијата дека извршил обљуба врз 81-годишна старица од струмичко.

Според информацијата од СВР Струмица, тој бил уапсен синоќа околу 22:30 часот од полицајци од Полициското одделение Ново Село.

-Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, стои во информацијата на СВР Струмица.

Од ОЈО Струмица информираа дека грозоморниот настан се случил вчера наутро околу 3:30 часот и на осомниченит бараат да му се одреди мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски