25-годишен скопјанец загина кај Катланово, со мотоцикл излетал од патот

Од:

25-годишен скопјанец го загубил животот вчера откако со мотоцикл „Хонда“ излетал од патот во близина на селото Катланово информира Министерството за внатрешни работи.

– На 10.04.2022 во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на с.Катланово, скопско, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот се вели во соопштението од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани

Детали за тешката сообраќајката кај Штип: Жртвите се на 64 и на 40 години

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Катерина Ѓуровски

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор