25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина

Од:

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денес го прими амбасадорот на Народна Република Кина во РМ, Јин Лисиен.

Заменик министерот Жерновски и aмбасадорот Јин разменија писма-честитки по повод јубилејот на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји, упатени од највисоките претставници на државниот врв на двете земји.

На средбата стана збор за перспективите на билатералната соработка, при што заемно беше истакната подготвеноста за нејзино унапредување во областите од заеднички интерес. Беа разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји.

ЗМНР Жерновски: „Особено ми е драго што Кина не ги дели земјите на големи и мали во географска смисла, туку на големи и мали пријатели, а Република Македонија и Народна Република Кина се големи пријатели”.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија