Лабудовиќ присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември

Од:

Делегација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, која ја предводеше претседателот на Градската организација Скопје, Мирослав Лабудовиќ, денес присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, што се одржа во Македонската филхармонија.

„Присуството на делегацијата на ЗНАМ е потврда дека независноста не е формалност од минатото, туку трајна задача за сегашноста и иднината. Жртвата и храброста на граѓаните кои ја создадоа Македонија се нашата обврска секој ден да изградиме посилна, поправедна и послободна држава.

Одбележувањето на Денот на независноста нè потсетува дека иднината на државата се гради преку единство, одговорност и визија – вредности кои ги споделува и за кои силно се залага Движење ЗНАМ за Наша Македонија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува целосно посветено на градење праведно и демократско општество, силни институции и стабилна европска Македонија која ќе им служи на сите граѓани“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски