24-годишен скопјанец загина во тешка сообраќајка во Аеродром

Од:

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 24-годишен скопјанец се случи вчера вечер на булеварот „Јане Сандански“, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 19.08.2021 во 22.05 часот во Скопје, на крстосница на бул.„Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки. На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош, соопшти МВР.

Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар